„Возачот летал со 150 км/ч, чудо е како преживеале" - детали за сообраќајката кај Радишани

Според полицајците кои вршеа увид возачот движел со околу 150 километри на час по улицата кога го закачил тротоарот и полетал со возилото во воздух. Немајќи никаква контрола продолжил право,  се забил во паркирана "буба" и неколку пати се превртел, пишува Вечер.

Во несреќата искршени се 7 автомобили, а според сопственикот на автосервисот кој се наоѓа во близина, чудо е како двете повредни момчиња преживеале.

- Не знам што да ви кажам, гледате и сами. И јас се чудам како преживеал. Автомобиливе беа оставени за поправка кај мене, вели тој за Вечер.

„Опелот“ бил управуван од 26-годишниот Д.М., а во истиот како сопатник се наоѓал 22-годишниот Е.А. Во автомобилот можеле да се видат десетина неотворени лименки пиво, а според сведоци имало и неколку празни.

 

 

Оцени ја веста

24.12.2014 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега