Заев и Шекеринска неповратно го губат кредибилитетот пред своите во СДСМ

Обидот на актуелното раководство на СДСМ да го одбележи 24 декември 2012 година, датумот на кој Владата на Никола Груевски ги пресретна напорите на тогашните пратеници на СДСМ да го блокираат усвојувањето на Буџетот за наредната година, кои тие заедно со соросовите перјаници го нарекоа “црн понеделник“, денес, две години подоцна, доживеа целосно фијаско.

 

Заев, Шекеринска и Спасовски, останаа осамени на денешното млако и неинвентивно потсетување на таканаречениот “црн понеделник“, кој беше постојано адресиран од врвните функционери на СДСМ како огромен политички капитал на опозицијата, кој требаше пред македонските граѓани, а особено пред меѓународната јавност да биде сведоштво за според нив тоталитарниот карактер на владеење на актуелната власт. Ниту присуството на актуелниот пратенички состав не може да го сокрие срамот што речиси целата поранешна пратеничка група го бојкотираше денешниот настан во организација на СДСМ. Значи, вистинските актери во настаните во македонското собрание, не сакаат на било каков начин да бидат поврзувани со погрешните политики и кадровски промашувања на актуелно раководство на партијата, па макар тоа значело и отсуство на одбележувањето на настаните на кои тие постојано реферираат.

Нашата редакција се обиде да добие коментар од некои од поранешните пратеници на СДСМ, кои беа и дел од највисокото партиско раководство и директни учесници во таканаречениот “црн понеделник“. Оние кои успеавме да ги добиеме, одбија јавно да говорат за денешниот настан, иако неколкумина неофицијално изјавија дека немаат намера да се појавуваат на пародии кои сами за себе се најоригинална потврда дека Заев и Шекеринска се лицемерни, тогаш  кога им одговара за да си ги зачуваат фотељите сакаат да ја продадат тезата во членството дека се залагаат за фронтална и вистинска битка со ВМРО ДПМНЕ, а всушност во пракса и во 2012, а уште повеќе сега свесно и смислено се откажаа од сите принципи за реална опозициска битка, кои за жал предизвикаа процес на неповратно разединување и ослабување на опозицискиот потенцијал.  Јасно е дека ниту најавите на Заев, Шекеринска и Спасовски за наводни политички бомби со кои веќе два месеца се оштрат пред членството, не може да им издејствуваат партиско единство, бидејќи никој повеќе не верува во нивните потези кои се типични за коцкар кој кога губи се повеќе го подигнува влогот. Едноставно, двоецот Заев и Шекеринска го прокоцкаа сопствениот авторитет пред членството и опозициски настроената јавност, која ги третира како “прочитана книга“ и кај нив не може да препознае искрена желба за политичка борба со ВМРО ДПМНЕ. Токму заради тоа СДСМ под нивно водство го троши потенцијалот за мобилизација на членството и ја губи смислата за опозициско дејствување. Ваквите загрижувачки состојби одамна се препознаени од граѓаните кои веќе не гледаат никаква алтернатива во СДСМ.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

24.12.2014 - 13:37
Фото: 
Press24.mk

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа