Страшна сообраќајка пред Струга - шест лица во болница

Едно лице е потешко повредено, а пет полесно во сообраќајната незгода што се случи попладнево на регионалниот пат Струга-Дебар во близина на струшкото село Ташмаруништа.

Во несреќата учествувале три моторни возила од кои едно товарно и две патнички. Според првичните информации, сообраќајката се случила поради неприлагодена брзина кон условите на патот, при што товарното возило се превртело и преминало на спротивната коловозна лента од регионалниот пат.

Лицето кое се здобило со тешки повреди е пренесено во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид каде е хоспитализирано, а останатите полесно повредени се пуштени на домашно лекување.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата.

 

 

Оцени ја веста

24.12.2014 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега