Крвава среда: 16 повредени на улиците низ Скопје

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје сообраќајната полиција извршила увид на 11 сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета, а во девет со полесни повреди се здобиле 16 лица.

Сообраќајната полиција открила и санкционирала 12 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 18 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 20 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 66 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега