Многу игри и забава - „Волшебна нова година 2015“

Во организација на Универзална сала, а под покровителство на Град Скопје од денеска во паркот „Жена борец“ почнува проектот „Волшебна нова година 2015“. 

Волшебниот парк ќе го сочинуваат новогодишен маркет, детска волшебна шума, распеана елка, дедомразовска трка и централниот дочек на Новата 2015 година.

Активностите ќе почнат со креативна работилница - цртање лампиони, а во културно-забавната програма ќе учествуваат Театарот за деца и младинци и повеќе ди-џеи. Распеаната елка е конструирана и украсена за настап на хоровите Злата Мегленска, Златно Славејче, Поточиња, Про Арт, Серенада и хорот при МКЦ.

Дел од новогодишниот маркет се 11 дрвени куќички наменети за промоција и продажба.

Прв пат годинава на 28 декември ќе биде организирана Дедомразовска трка, чиј старт ќе биде на плоштадот „Филип втори“, а целта е паркот „Жена-борец“. Првите 500 пријавени за трката ќе добијат подарок дедомразовски костум.

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 09:24
Фото: 
вистина.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега