Почнаа предновогодишните прослави: По скопските улици врие пијани возачи

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје сообраќајната полиција извршила увид на 11 сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета, а во девет со полесни повреди се здобиле 16 лица. Сообраќајната полиција открила и санкционирала 12 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 18 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 20 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин. Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 66 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот. Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај денеска ќе одржи сообраќајна поука на тема „Безбедност на пешаците“ со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега