"Дај ми пари ќе ти завршам работа" - падна измамник од Крушево

Полициската станица во Крушево поднесе кривична пријава против 30-годишниот Р.О. од село Житоше поради измама.

Тој од јули 2006 до јули 2014 година, ветувајќи му дека ќе му извади виза за постојан престој и стан во Швајцарија, довел во заблуда лице од истоименото село на кого во повеќе наврати му побарал парични средства за обезбедување на документите. Притоа се стекнал со парични средства во висина од 384.000 денари и златник во вредност од 1.500 евра.

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега