Сите случувања во Скопје на едно место

Информации за сите случувања во Скопје оние намерници кои сакаат да дојдат да го посетат главниот град од денеска им е достапна на едно место преку веб страницата visitskopje.mk.

На страницата преку пет линкови можат да добијат информации за културните случувања во градот, забавата што се нуди, ноќниот живот, каде може да одат на шопинг, како и за тоа каде може да престојуваат и да преноќат. 

Проект менаџерите посочуваат дека идејата е да направат поголема промоција на градот, особено во овој период пред новогодишните празници. На почетокот пред се на регионално ниво и да ги привлечат посетителите со случувањата што се најавени, а за што ќе биде објавено на страницата, но целта е таа да се претстави особено во земјите и градовите со кои Скопје е поврзан со авионска линија преку нискобуџетните компании.

Веб страница е наменета пред се за странските кои доаѓаат во Македонија, а целта е преку неа да се зголеми бројот на туристи, да се отворат нови работни места, што пак ќе влијае на економијата. 

Целна група се лица на возраст од 18 до 30 години. Проект менаџерите сметаат дека резултати ќе има за три месеци, а најавуваат дека ќе ја надградуваат веб страницата и со интерактивни содржини.

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега