Роберт Поповски ќе го советува Зоран Заев

Од денеска, новинарот Роберт Поповски е новиот советник на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, информираат од опозициската партија. Поповски ќе го советува Заев за комуникации и креирање политики.

-Врз основа на професионален ангажман, како надворешно, непартиско лице, оваа функција ќе ја извршува Роберт Поповски. Поповски е познат на јавноста во Република Македонија како афирмиран политички новинар, со повеќе од дводецениско новинарско искуство, а последнава година неговата сфера на интерес е креирање и практицирање политики и нивна промоција во јавноста, стои во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз.

Според Заев, Поповски значајно ќе придонесе за успешна презентација, видливост, достапност и прилагодливост на политиките на лидерот и на СДСМ кон интересите на македонските граѓани, бидејќи, суштински ги познава новинарската професија, односите со јавност, медиумите и политичката сцена во земјава.

 Роберт Поповски свеовремено беше уредник во Канал 5 а долги години ја водеше дебатната емсисија “Икс-нула“. Во неговата биографија стои дека бил и претседател на Здружението на новинарите на Македонија. До пред неколку месеци во јавноста често излегуваше со ставови дека е разочаран од состојбите во македонското новинарство и од влјанието на поличарите врз новинарите.

ФОТО: maticanaiselenici.com