Полнет Дедо Мраз

Сите ние овие денови сме во една предпразнична атмосфера, па затоа ви препорачуваме едно пециво со кое ќе го изненадите вашето семејство. Направете полнет Дедо Мраз, еве што ви е потребно:

Состојки: 

- брашно 1 килограм

- млеко 2DL

-зејтин 1DL

- вода 2DL

- шеќер 4 лажици

- сол  1 лажичка 

- свеж квасец цело пакетче

- пилешко месо 200 грама 

- сирење 200 грама 

- варен домат 1 DL

- оригано по желба

Подготовка:

Во млака вода ќе растопите еден свеж квасец и ќе го оставите неколку минути. Во килограм брашно ќе додадете шеќер, сол и млеко, потоа ќе ја додате водата со квасец. Сето тоа добро ќе го замесите. Ќе ја продолжите работата со тестото без потреба да чекате да нарасне тестото. Тестото ќе го поделите на три дела. Преку првиот дел ќе го распоредите полнењето од парчињата печено пилешко, сирење и домат и другиот дел ќе го преклопите и добро ќе го затворите. Деловите ќе ги преклопите онака како што е на фотографијата.

 

 

 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега