ЕК со изненадувачка изјава за затварањето на грчката државна радио и телевизија

Европската комисија денеска излезе со изненадувачка изјава за вчерашното затворање на Јавниот радиодифузен сервис во Грција од страна на грчката Влада во рамки на превземањето на мерки за штедење, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Наместо осуда, портпаролот на Комисијата, Оливие Бејли, денеска истакна дека ЕК - “Ја забележало одлуката на грчките власти да го затворат ЕРТ, но оваа одлука е во целосна автономија на земјата-членка на Европската унија“.

- Комисијата ја разбира тешката ситуација персоналот и ескпертите од ЕРТ и очекува најавите за отпуштање да се спроведат во целосна согласност со важечката правна рамка, истакна Бејли.

- Но, Договорите на ЕУ се јасни дека управувањето и стратешките изборина јавниот радиодифузен сектор е на земјите-членки. Комисијата не може да пропишува како земјите-членки да го организираат својот радиодифузен сервис, но ние би сакале да ја истакнеме улогата на јавниот сервис во однос на европските вредности во сите економски околности, за доброто на медиумскиот плурализам, слободата на медиумите и медиумскиот квалитет за изразување на културната различност, додава портпаролот Бејли со што ги разбуди духовите на денешната прес-конференција во зградата на ЕК во Брисел.

На пораката од присутните новинари дека со овој потег на грчките власти се добива јасен впечаток за нивото на демократија кај нашиот јужен сосед, на што гласноговорникот на Комисијата истакна дека ЕК дознала за оваа одлука вчера како и сите други.

- Сакам да биде јасно дека и покрај тоа што ЕК не е информирана од грчките власти за ова и специфичната ситуација во врска со ЕРТ не дискутирана со Комисијата и со останатите од т.н. “Тројка“. Важно е да се осигураат медиумски слободи, различностите оти веруваме дека придонесуваат во демократските активности во Европа и се дел од европските вредности. Ваквите одлуки поврзани со аудиовизуелен јавен сервис се регулирани со специфичен протокол, а тоа е Договорот од Амстердам, со кој се предвидува дека“ јурисдикција на земја-членка е да го организира јавниот сервис како сака  истакна Бејли.

ФОТО: Кајгана