Момче ја загуби борбата за живот по сообраќајка во Битола

19-годишниот  Хари С. им подлегна на тешките повреди по сообраќајната несреќа која се случи во неделата на улицата „Партизанска“ во Битола.

Според информациите, момчето по неколку дневната борба за живот, им подлегнало на повредите вчера на КАРИЛ. Сопатничката Т.И. (21) исто така беше повредена во несреќата.

Сообраќајката се случила кога од возачот Хари изгубил контрола врз автомобилот „буба“ и удрил во дрво. Ударот бил толку многу силен што  според некои очевидци  на несреќата моторот на возилото излетал дваесетина  метри настрана.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата.

 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега