Војниците во Русија ќе станат невидливи?

Руската армија наскоро ќе воведе нова софистицирана воена опрема која ќе овозможи војниците да бидат отпорни на куршуми и невидливи за поединечни  нишани.

Целиот комплет за  војник ќе содржи 40 модернизирани нови елементи, чија основа е челичното одело од армирани влакна кои имаат минимална маса но даваат максимална заштита и овозможуваат војникот да остане неповреден иако ќе биде изложен на директен оган или шрапнел од граната.

- Комплетот по своите карактеристики е далеку подобар од опремата на НАТО – рекол Рогозин.

ФОТО: Окно.мк