Вредносни ваучери за социјално загрозените семејства од Ѓорче Петров

 

Во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ во истоимената општина на 35 социјално загрозени семејства им беа доделени вредносни ваучери за облека и храна.

Ваучерите им ги врачи градоначалникот на општината Сокол Митровски.

Во акцијата се вклучија и Црвениот крст на Градот Скопје кој додели пакети со храна, градинката „Росица“ која одвои парични средства за најзагрозеното семејство (самохрана мајка со четири малолетни деца) и детска облека и играчки за сите 35 корисници. „Кидс мол“ базар исто така доделија ваучери за детска облека со кои во нивните продавници ќе може да се одбере по еден производ.

Ова е традиционална акција која секоја година, пред новогодишните празници се одржува во општината.

По повод новогодишнте празници денеска и Здружението на пензионери од Ѓорче Петров на 200 свои членови со ниски пензии им додели ваучери за прехранбени производи

 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 15:41
Фото: 
Нова Македонија

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега