Пратениците на СДСМ си ги задржаа мандатите

Поради немањето кворум во Собранието, поточното потребното 2/3 мнозинство од 82 пратеници, беше одлжена потврдата на одлуката на Комисијата за мандатно-имунитетни работи од 2 декември, за тоа дека пратениците од листите на СДСМ неоправдано се отсутни од парламентот повеќе од 6 месеци. Нешто со кое беше исполнет условот за одземање на нивниот мандат.

Трајко Вељановски 30 пати ја прекинуваше седницата поради немањето кворум, а никој ни од присутните пратеници се намеше јавено за дискусија. Најголем дел од присутните беа од ВМРО ДПМНЕ, по еден двајца од ДПА и ДУИ. Ги немаше трите пратенички на СДСМ Роза Топузова Каревска, Солза Грчева и Љубица Буралиева.

 

Како што анализира Дневник, ваквата ситуација била од претходно предвидена по изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети кога истакна дека решението не може да се бара во одземањето на пратеничките мандати, и дека враќањето на пратениците во Собранието го отвора патот на дијалог и продолжување на дебатите.  

 

 

Оцени ја веста

27.12.2014 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега