Подготвени ли сте за првата Дедомразовска трка во Скопје?

Со почеток во 12 часот денеска во центарот на Скопје ќе се одржи првата Дедомразовска трка која е организирана во пресрет на новогодишните празници. 

Дедомразовската трка ќе стартува од плоштадот „Филип Втори“, а ќе се одвива по трасата што минува покрај Македонскиот народен театар, мостот „Гоце Делчев“, булеварите „ВМРО“ и „Димитрие Чуповски“, улица „Македонија“, плоштад „Македонија“, Порта „Македонија“, до целта кај паркот Жена Борец, спроти Собранието на Република Македонија.

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски ќе ги пречека учесниците во трката на целта, каде што ќе бидат доделени и наградите за најдобрите. 

 

 

Оцени ја веста

28.12.2014 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега