Традиционално берење бадникови гранчиња на Водно

На падините на Водно, поточно кај месноста Говрелвска Краста, каде се наоѓа Бадникарската шума, денеска членовите на Одборот за одбележување на Бадник заедно со граѓаните на Скопје, ќе берат бадникови гранчиња. 

Истите бесплатно ќе бидат разделени на нивните сограѓани скопјани.

Првото бадниково гранче кое претставува симбол на среќата, сонцето и животот ќе го пресече новиот кум на Бадник Александар Џиковски заедно со здравичарот Благоја Анчевски-Дечко.

На средбата се очекува да присуствуваат стариот кум и здравичар Методија Стефановски-Тоде и Владо Плавевски, некокумина поранешни кумови и здравичари, градоначалникот на Скопје, претставници на  општината Сопиште, странски дипломати, свештени лица од МПЦ, претставници на естрадата, граѓани и добронамерници.

Собирно место за поканетите гости и за сите што точно не ја знаат локацијата на Краста, е крстосницата на патот за Драчаево и патот за Маркова Река и Батинци, пред мостот на Маркова Река. Оттаму групно се тргнува околу 11 часот и 30 минути. 

 

 

Оцени ја веста

28.12.2014 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега