Поплавите во Европа однесоа 24 човечки животи

Билансот на жртвите од поплавите кои изминативе денови ја зафатија Средна Европа се искачи на 24.

Бројот се искачи откако еден маж во Германија почина од струен удар додека се обидувал да ја испумпа водата од подрумот во неговиот дом.

Се работи за 11 жртви во Чешка, осум во Германија, четворица во Австрија и еден во Словачка.

 

 

најчитано сега