Снегот отсече делови на Скопје - граѓаните во паника

Граѓаните на повисоките зони во Скопје се во паника откако интензивните снежни врнжи го блокираа патот до нивните домови. Со автомобил е невозможно да се стигне во населбите Црниче и Пржино, а пред црквата Света Петка има мноу автомобили кои чекаат да се расчистат улиците.

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на денот, од почетокот на врнежите на снег интервенираа на критичните точки на градските сообраќајници – високите зони кон Водно, Пржино, Црниче, Железара, и поголем број на подвозници, а во моментов се интервенири на булеварите и магистрални улици кои се во надлежност на Град Скопје.

Во соопштението од Град Скопје се вели дека екипите на зимската служба на Град Скопје и јавното претпријатие „Улици и патишта” на терен интервенираа со возила – соларки и соларки со плуг на сите булевари во надлежност на град Скопје.

Поради обилните врнежи на снег во моментов неколку автобуски линии на ЈСП функционираат со скратена траса: 11 (до пругата во Ѓорче Петров), 47-а (до обиколница), 51 (до мостот пред село Моране), 56 (до Расадник), 58 (до Кисела Вода), 58-а (до Кисела Вода), 60 (до с. Глумово), 61 (до каменолом), 64 (до Волково), 65 (до Црешево), 70 (мост кај Батинци), 74 (до Долно Количани), 81 (до Чучер Сандево),  додека автобусот кој сообраќа од Транспортниот центар до Средно Водно е целосно прекината.

Град Скопје потсетува дека во надлежност на Градот се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините.

 

-Екипите на градската зимска служба ќе ја следат состојбата и ќе реагираат согласно со условите на теренот. Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите, се вели во соопштението.

 

 

Оцени ја веста

28.12.2014 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега