Зимската служба на терен: Интензивно се работи во Пржино, Црниче, Железара и на Водно

Екипите на зимската служба на Град Скопје од почетокот на врнежите на снег интервенираа на критичните точки на градските сообраќајници - високите зони кон Водно, Пржино, Црниче, Железара, информираат од Градот.

Зимската служба и Јавното претпријатие „Улици и патишта" на терен интервенираат со возила – соларки и соларки со плуг на сите булевари во надлежност на град Скопје.

Поради обилните врнежи на снег во моментов неколку автобуски линии на ЈСП функционираат со скратена траса: 11 (до пругата во Ѓорче Петров), 47-а (до обиколница), 51 (до мостот пред село Моране), 56 (до Расадник), 58 (до Кисела Вода), 58-а (до Кисела Вода), 60 (до с. Глумово), 61 (до каменолом), 64 (до Волково), 65 (до Црешево), 70 (мост кај Батинци), 74 (до Долно Количани), 81 (до Чучер Сандево), додека автобусот кој сообраќа од Транспортниот центар до Средно Водно е целосно прекината

 

 

Оцени ја веста

28.12.2014 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега