Екипите на Град Скопје на терен - снегот го поремети движењето на автобусите

Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатата вечер продолжија со активностите за расчистување на снегот од градските булевари и улици.

Во моментов сите булевари и магистрални улици кои се во надлежност на Градот Скопје се проодни, а екипите на ЈП "Комунална хигиена" работат на расчистување на тротоарите.

Изминатата вечер на булеварите и магистрални улици кои се во надлежност на Град Скопје се фрлени 145 тони сол.

Утрово поголем број на автобуски линии на ЈСП функционираа на скратена траса:

- 11Т.Центар - с.Рашче (До пругата Ѓ.П.)

- 17А нас. Островска – Касарна Илинден (До Панда)

- 21 Транспортен Центар - с.Бардовци (Не оди за конак)

- 47 Т.Центар - с.Љубанци (До Радишани)

- 47А Т.Центар - с.Љуботен (До обиколница Љуботенски Пат)

- 55 Т.Центар - с.Арачиново (Пред с. Арачиново)

- 56 Т.Центар - с.Бојане (До расадник)

- 56А Т.Центар - с.Копаницa (До подвозник)

- 58А Т.Центар - с.Добри Дол (До Кисела Вода)

- Т.Центар - с.Брзовец (До Кисела Вода)

- 58 Т.Центар - с.Св.Петка (До Кисела Вода)

- 59 Карпош 3 – Гр. Бутел – К. Бара (До коцката)

- 60 Т.Центар - Г.Матка (До с.Глумово)

- 61 Т.Центар - с.Побожје (До Каменолом)

- 64А Т.Центар - с.Кучково (До с.Волково)

- 65 Т.Центар - с. Раштак (До с. Стајковци)

- 65г Стајковци - с.Виниче (До с.Црешево)

- 67 Т.Центар - с. Зелениково,Н.Село,Страхојадица ( за Н.Село до Зелениково)

- 68 Т.Центар - с. Сушица (Не оди за с.Винце)

- 71 Центар- с. Бањани (До с.Мирковци по коцката)

- 74 Т.Центар - Д. Количани,Г.Количани (До дрвара Драчево)

- 81 Т.Центар - Чучер - Блаце (До с.Чучер)

- Транспортен Центар - Милениумски Крст (воопшто не сообраќа)

Градот Скопје потсетува дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.

Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на приодите до нивните објекти.

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 09:27
Фото: 
скопјеинфо

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега