54 сообраќајки на скопските улици

 

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 54 сообраќајни незгоди.

Во петокот се случиле 26 сообраќајни незгоди. Од нив, 18 се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле шест лица.

Во саботата извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле осум лица.

Вчера се случиле 15 сообраќајни незгоди. Од нив, осум се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле 11 лица.

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 21 возач кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Тројца возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, осум возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 14 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 97 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега