Четири кривични за ресенчанец

СВР-Битола поднесе 4 кривични пријави против С.З.(40) од Ресен, кој на територијата на Ресен вршел тешки кражби во продавници и земјоделски аптеки, при што одзел земјоделски  препарати за заштита на овошки, неколку потопни пумпи, агрегат и акумулатори.

Од СВР-Битола информираа дека пријавениот на 22 октомври, со цел за себе да прибави противправна имотна корист, со кршење на стаклото од влезна врата на продавница за автоделови во Ресен, влегол и украл два акумулатори, по што го напуштил лице местото. Лицето било забележано  од полициски службеници, по што тој се упатил кон возилото и со голема брзина се оддалечил од местото на настанот. Од страна на полицијата се превземени мерки и активности за расветлување на случајот и обезбедување на потребниот доказен материјал, по што пријавениот е приведен и од негова страна делото е признато.

Во текот на последните два месеца на територијата на Полициската станица во Ресен се расчистени повеќе кражби и при тоа поднесени се 14 кривични пријави против 19 сторители за сторени кривични дела „тешка кражба“, „кражба“ и „прикривање”, како и еден посебен извештај за кривично дело „прикривање“. Од нив 9 кривични пријави, против 14 сторители, се однесуваат на кривично дело „тешка кражба” во кои сторителите од објекти и патнички моторни возила украле различни предмети акумулатори, потопни пумпи, хемиски препарати, дело, радиокасетофони и друго. 

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега