Продолжува акцијата „Мрежа" - дилери паднаа во рацете на полицијата

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР во рамки на акцијата „Мрежа“ насочена кон сузбивање на нарко-трговијата, заплени 99,8  грама  хероин наменет за домашниот нарко пазар, лиши од слобода пет лица македонски државјани додека едно лице турски државјанин во моментот не е достапен на органите на прогон.

Од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција  ќе биде поднесена кривична пријава против лицата Ј.С., Ш.М., К.Е., Ф.А., В.И. и Ч.А., поради постоење основано сомнение дека сториле кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Лицата  лишени од слобода се изнесени пред  судија на претходна постапка кој на петте лица им одреди мерка притвор во времетраење од по 30 дена. Инаку досега, во рамки на „Мрежа“ кривично се пријавени над 160 лица, а запленети се и над 520 килограми разни видови наркотици.  

Во текот на вчерашниот и завчерашниот ден, соопшти денеска МВР, на подрачје на Скопје се преземни активности во врска со сознание дека  во текот на минатиот месец лицето Ј.С.(47) турски државјанин, во Турција од засега непознато лице за неутврдена цена неовластено набавил наркотична дрога хероин која ја транспортирал до Македонија заради натамошна продажба. Во почетокот на овој месец веќе набавениот хероин лицата Ш.М.(36), К.Е.(41), Ф.А.(34) и В.И.(41) сите од Скопје требало да го препродадат по однапред договорена цена, при што лицата оствариле неколку средби и откако К.Е. го превземал хероинот, го однел  на непозната локација во село Арачиново.

Потоа Ш.М. и К.Е. хероинот го понудиле на продажба на повеќе лица, за што континуирано го известувале и  турскиот државјанин. Во договор со него, се појаснува во соопштението, земени се примероци кои им биле давани на потенцијалните купувачи за да го проверат квалитетот на хероинот. Во втората половина на месецов преку Ч.А.(38) од Гостивар, хероинот го понудиле на продажба, но не можеле да најдат купувач поради лошиот квалитет па ја спуштиле продажната цена. Тие се договориле хероинот да го продаваат  во помали количини кои подоцна требало меѓусебно да ги поделат, а дел од парите да испратат во Турција. По претходен договор помеѓу Ч.А. и Ш.М. завчера извршена е купопродажба на околу 100 грама хероин.

- Во 20,15 часот, на наплатната рампа „Глумово“ на излез од Скопје, запрено е патничко моторно возило марка „Опел Астра“ со гостиварски регистарски ознаки, извршен е претрес при што кај Ч.А. пронајдено е едно полиетиленско паковање исполнето со прашкаста материја светло кафена боја. Одземената прaшкаста материја е предадена во Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења  при  МВР на заради понатамошно вештачење.  По извршено вештачење утврдено е дека се работи за хероин со вкупна тежина од  99,8 грама. Запленетиот хероин при продажба на домашниот нарко пазар на мало во Македонија би достигнал цена од 2.500 евра, се појаснува во соопштението.

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега