Несреќа ја потресе Македонија: Застанале да помогнат на излетано возило ги прегазило друго

Златко Кескоски, сопственик на Кендо Клуб Теншин од Охрид, на својот Фејсбук профил објави статус во кој кажува дека двајца членови на клубот вчеравечер биле тешко повредени во сообраќајка, пренесува НетПрес.

Станува збор за Горан Шибаковски и Александар Настоски, кои биле повредени кога на нив налеталo возило кај селото Групчин, кај местото Добарски надвозник, кога застанале да му помогнат на М.К. (54) од Скопје, кој со своето возило, „опел“ излетал од патот.

Од СВР Тетово информираат дека во нив удрил триесет и тригодишниот М.Т. од Гостивар, со возило „мерцедес“, кој во својата полициска изјава рекол дека го видел возилото и во обид да го избегне ги удрил двајцата охриѓани кои не ги видел, а кои застанале да му помогнат на скопјанецот.

- М.К. е пренесен во тетовската болница со лесни телесни повреди, а потоа е пуштен на домашно лекување. Потешко се повредени Горан Шибаковски (31) и Александар Настоски (24), кои веднаш биле пренесени на скопските клиники, но се надвор од животна опасност, вели Марјан Јосифовски од СВР Тетово.

 

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега