Отчет на градоначалникот Чадиев за сработеното годинава

Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев денеска даде отчет за сработеното во 2014 година. 
 
На прес-конференција Чадиев го презентираше отчетот на 36 страници, на кои преку слика и текст се прикажани сите реализирани проекти досега. 
 
- На крајот на календарската 2014 година гордо можам да изјавам дека со Ваша поддршка, со помош и соработка на сите институции, установи, јавни претпријатија, Советот на Општина Велес и несебичното залагање на тимот во општинската администрација, успеавме да постигнеме видливи резултати. Проектите што ветивме дека ќе ги реализираме во 2014 година, ги реализиравме. Ако ги споредите планирањата зацртани во програмите на општината и проектите реализирани и претставени во овој отчет ќе забележите дека сме направиле и многу, многу повеќе. Иако нашиот акцент беше ставен на создавањето услови за локален економски развој и инфраструктура, со исто внимание посветено работевме во сите области што се делокруг на нашите надлежности, истакна Чадиев. 
 
Општина Велес, посочи, изминатата година продолжи и со претставување на општината во регионот и пред меѓународната заедница, со единствена цел привлекување на инвеститори за да се создадат услови за нови вработувања. 

Градоначалникот Чадиев денеска традиционално ги додели и признанијата за најдобар полициски слкужбеник, пожарникар, хуманист, работник во ЈКП „Дервен“, занаетчија и земјоделец.

Најдобар полициски службеник при СВР Велес е Миле Николовски, Јован Велковски е најдобар пожарникар во Територијалната противпожарна единица, а хуманист-крводарител на годината прогласен е Славчо Шамбилов, најдобар работник во ЈКП „Дервен“ е Кире Басаровски, занаетчија на годината е чевларот Душко Јаневски, а индивидуален земјоделец е Елзин Лековиќ.

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега