Декан Тодоровски: Државниот испит ќе го зајакне квалитетот, професорите со трудови да ја докажуваат својата вредност

Деканот на Правниот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ (УКЛО), Илија Тодоровски го поддржува воведувањето на државен испит на факултетите.

Тој вели дека концептот ќе го зајaкне квалитетот на високото образование.

-Сметам дека е потребно. Секако, се утврдува нивното знаење во определен дел од нивното студирање. Може да го зајакне квалитетот на нивните знаења и е критериум за евалуација, рече деканот за Курир.

Тој исто така смета дека е потребно професорите на универзитетите да пишуваат научни трудови

-Воопшто, треба да пишуваат трудови. Мора да имаат надворешна евалуација, меѓународни трудови во меѓународни списанија. И во тој контекст, врвот на сето тоа е и пишување на трудови со импакт фактор кои ја докажуваат својата вредност. Професорите треба да пишуваат трудови со импакт фактор, истакна Тодоровски.

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 16:02
Фото: 
КУРИР

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега