ВНИМАВАЈТЕ: Дваесетина лица со скршеници завршија во болниците во Скопје

Дваесет и едно лице со скршеници со кои се здобиле откако паднале на снег, се примени од вчера до денеска изутрина на Клиниката по хирушки болест „Св.Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Од нив, осум лица со скршеници од кои шест на рачен зглоб, една на скочен зглоб и една на потпколеница, се примени во Градската општа болница „8 Септември“. На пациентите, информираат денеска од болницата, им е ставен гипс и се пуштени дома.

Тринаесет лица се примени во Клиниката по хирушки болест „Св.Наум Охридски“ со повреди главно скршеници на подлактици, меѓу кои едно лице со фрактура на подколеница, информираат од таа јавна здравствена установа

На Клиниката за за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар нема примени пациенти со скршеници како последица од временските услови.

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега