Радост во Зоолошката градина во Штип
Иако штипскиот ЗОО парк беше отворен пред околу еден месец, континуирано пристигнуваат нови животни.
Од вчера, во ЗОО паркот е донесена лама, која денес се породи ! На свет донесе мала, машка лама.
Веднаш бил повикан ветеринар од штипската ветеринарна станица, кој ја надгледувал целата ситуација и обезбедил соодветна нега за малата лама која се роди во паркот:
- Почнавме со дваесетина животни, а во очекување сме на уште неколку животни. Ги очекуваме мајмуните, веќе добивме и јак и антилопам, но за крволочни животни засега не знаеме дали ќе ги има. ЗОО паркот за штипјани е пријатно изненадување и веќе имаме над 5000 посетители. Само за еден викенд ни се случи масовна посета од над 1000 луѓе. Службите на ЈП „Исар„ се грижат вза животните, ги чистат и одржуваат живеалиштата, обезбедена е храна и надгледување пд страна на Ветеринарната станица со која имаме договор за соработка. Малата лама која дојде на свет токму во ЗОО паркот е пријатно изненадување за сите нас и тоа е добар знак, изјави Ангел Бојаџиев, директор на ЈП „Исар".
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа