Невремето направи огромни штети, каква е моменталната состојба со струјата?

Снабдувањето со електрична енергија во регионот на Струга, Охрид, Ресен кои подолг период беа без напојување поради дефектот на 110кВ далноводите на АД МЕПСОП полека се стабилизира.

Поладнето беше саниран дефектот на далекуводот Ресен – Охрид и беше воспоставено нормално снабдување. Во моментов АД МЕПСО врши дополнителни интервенции и неколку часа повторно овој регион ќе биде без напојување. По завршувањето ќе биде нормализирано снабдувањето во Охрид, Ресен и Струга. Сеуште има прекин на 110 кВ врска на АД МЕПСО од Вруток кон Шпиље, тоа е втората врска за Охрид и Струга.

 

Во моментов екипите на ЕВН работат и на отстранување на дефектите на улиците во Охрид каде што има искинати кабли и урнати столбови. Голем проблем за екипите на ЕВН е непроодноста на патот од Струга до Дебар, па затоа дополнителни екипи не се во можост да стигнат на отстранување на дефектите во дистрибутивната мрежа. Како патиштата ќе бидат расчистени така екипите ќе стигнуваат навремено да ги отстранат дефектите.

Инаку поради големото невреме проследено со обилни врнежи од снег и ветер, дистрибутивната мрeжа на ЕВН Македонија во регионот на Дебар, Струга и Охрид  претрпе големи штети. Најчестите дефекти беа на 35 и 10 киловолтни (кВ) далекуводи, кај кои заради големите наноси на снег, столбовите се паднати или искривени. И покрај тешко пристапните терени, екипите вложуваат големи напори и постојано работат на отстранување на дефектите.

Во моментов прекини во снабдувањето има и се очекува истите да бидат санирани во најбрз можен рок:

Охрид: Охрид -110 кВ;

Општина Дебарца – 110 кВ;

Долно Дупени, Љубојно; Велмеј, Ново Село; Лескоец, Косел – 10 КВ;

Ресен: Сите села од западниот дела на Преспанско Езеро , Крушје, Златари – 10 КВ;

Струга: Нерези, Јабланица , Добовјани, Делогожда, Струга, Дебар, Центар Жупа– 10 КВ, Маврово – Ростуша – 110 КВ;

Ливада, Октиси – 35 КВ;

Калишта, Радожда  Лазарополе, Коџаџик – 10 КВ;

Прилеп: Ропотово, Пешталево, Сенокос, Мажучиште, Беровци, Галичани – 10 КВ;

Тополчани, Добрушево – 10 КВ;

Витолиште, Старавина – 35 КВ;

Битола: Драгожани. Лопатица – 10 КВ;

Породин, Лажец – 10 КВ;

Демир Хисар: Демир Хисар, Смилево, Кутретино – 10 КВ;

Македонски Брод: Брезница, Белица – 10 КВ;

Кичево: Вранештица, Цер – 10 КВ;

 

 

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа