ДЗС подготвена за справување со снежни врнежи од поголем обем

Дирекцијата за заштита и спасување соопштува дека будно ја следи состојбата со временските прилики во државава и доколку има потреба подготвена е да ги ангажира сопствените сили, материјално-технички средства и опрема за отстранување на опасностите и последиците кои би се појавиле при евентуални снежни врнежи од поголем обем.

Според соопштението од Дирекцијата за заштита и спасување, во текот на денов на потегот Бошков Мост - Лазарополе е ангажирана 1 градежна машина и се користи теренското возило на подрачното одделение за заштита и спасување Дебар. Во општина Кичево се ангажирани две градежни машини, како и по една во Зеленково, Кичево-Стража, Климентица-Подмоље, кај Охрид и Кичево-Охрид.  

- Дирекцијата за заштита и спасување останува на терен, ангажирана за справување со настанатата ситуација која ја зафати државата, се вели во соопштението.

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега