Автопатот Скопје – Велес прооден, но внимателно!

Ова е камионот со албански регистарски таблички кој во текот на вчерашниот ден направи неколку километарска колона на патниот правец Скопје-Велес. Тешките временски услови како и недоволната внимателност на возачот предизвикаа превртување на камионот пред првиот тунел што резултираше со шест часовен застој на сообраќајот на еден од најфрекфентните автопати во Македонија.

Соборени банкини, оштетени заштитни мрежи, како и искршени делови од камионот сеуште сведочат за несреќата која повеќе од 6 часа ја блокираше главната сообраќајна артерија во државата. Стотици возила на температури под нулата цело попладне беа заглавени и неможеа да се движат ниту напред ниту назад. Несреќата се случила, поради лизгавиот коловоз на кој камионот се извртел и буквало се попречил на двете сообраќајни ленти. Фактот што тоа се случило токму пред првиот тунел дополнително ја отежнало веќе комплицираната состојба поради недостапноста на теренот. Службите веднаш биле известени и се упатиле кон Велес но поради метежот тешко можеле да се пробијат, но на крајот успеале да стигнат до тунелот со полициска асистенција и камионот да го тргнат од патот, со што се овозможиле услови за движење на заробените возила.

Иако сообраќајот се одвива во зимски услови патниот правец Скопје-Велес сега е прооден, нема застој ниту одрони на патот кои би можеле да претставуваат пречка за возачите. 

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега