ФОТО: Полицајците извлекоа лице во критична состојба - Бакрачески го оперираше и му го спаси животот

Храброста и подготвеноста на припадниците на МВР се покажа денеска на дело. На блокираниот патен правец Охрид-Кичево поточно кај Пресека денеска се одвиваше вистинска спасувачка акција, пишува Економски.

unnamed

Припадниците на МВР успееја за многу кратко време да извлечат возило на Брзата помош во кое имаше лице на кое му требаше итна медицинска помош. Меѓу возилата кои беа блокирани поради силното снежно невреме што го зафати овој дел на Македонија, се најде и возило на Брзата помош која превезуваше пациент кон Охрид.

Подготвеноста на полицијата да интервенира во вакви кризни случаи денеска спаси еден човечки живот. Возилото веднаш беше одблокирано од снегот, се презедоа мерки и пациентот успешно беше превезен до охридската болница. Таму веднаш беше преземен од д-р Никола Бакрачески кој врз пациентот направи успешна операција. За среќа лицето сега е во стабилна состојба.

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега