Снегот направи хаос: 12 сообраќајки на скопските улици

 

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди од кои осум се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и тројца сопатници.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден велосипедист.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Двајца возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 13 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 24 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 09:50
Фото: 
вести.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега