Во Берово рекордни - 32 степени! - ова е најниската температура измерена некогаш во Македонија

Пред 60 години на 27 јануари е регистрирана најниската температура во Македонија. Во Берово во далечната 1954 година се измерени минус 31,5 степени Целзиусови. 

Ваквата температура е евидентиран како најниска во Македонија од 1925 година наваму.

Највисока снежна покривка во Македонија, пак, е забележана во 2006 година на Попова Шапка со 215 сантиметри.

Од Управата за хидрометеоролошки работи ниски темпертури најавија и за наредните неколку дена. Најстудено утро се очекува во петок кога температурата ќе се спушти до -20 степени.

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега