Турскиот претседател повика на дијалог со демонстрантите

Да се оствари дијалог со легитимните демонстранти но не и со оние кои излегоа на улица да учествуваат во насилните настани, изјави денеска турскиот претседател Абдула Ѓул. Ваквата негова изјава доаѓа еден ден откако турската полиција цели 18 часови со созлавец и водени топови се обидуваше да ги растера илјадниците демонстранти на плоштадот Таксим. Средба се очекува да се случи денеска и меѓу турскиот премиер Ердоган и демонстрантите. Премиерот ваквите протести ги нарече измет а истите започнаа како мирна кампања против плановите за изградба во паркот Гези, што се граничи со плоштадот Таксим. 

-Ако луѓето имаат приговори тогаш нека се оствари дијалог со овие луѓе, несомнено е наша задача да слушнеме што имаат да кажат, подвлече Ѓул пред новинарите за време на неговото патување до црноморскиот град Ризе. Тој изрази надеж дека проблемите ќе бидат ндаминати „преку демократската зрелост“.

Истовремено Ѓул, кој за време на протестите во целина покажа поумерен тон во споредба со Ердоган, подвлече дека насилството по улиците нема да се толерира.

-Оние кои учествуваат во насилни настани се нешто поразлично и ние треба да ги разграничиме. Ние не треба да му даваме шанса на насилството. Тоа не би било дозволиво ниту во Њујорк, ниту во Берлин, посочи шефот на државата.