ДПМ ќе организира 17 поетски карвани идната година

Друштвото на писателите на Македонија најави нов циклус од 17 поетски каравани во 2015 година во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во Македонија.

- Покрај договорената соработка за оваа манифестација со библиотеките во Гевгелија, Куманово и Велес, со Домот на културата „Иван Мазов“ во Кавадарци, со литературните манифестации „Караманови средби“ во Радовиш и „Ганеви денови“ во Кожле, поетите, членови на ДПМ, ќе го продолжат караванот и во Струмица, Тетово, Битола, Прилеп, Штип, Лазарополе, Македонски Брод, Гостивар, Демир Хисар, Крушево и Ресен, соопшти ДПМ. 

Поетскиот караван ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“ во рамки на Деновите на Блаже Конески кои секоја година се одржуваат од 17-ти до 19 декември, денот на раѓањето на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација. Во поетскиот караван на ДПМ ќе  учествуваат 80 поети од сите генерации.

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега