Подгответе се за снежно уживање - почна скијачката сезона на центарот „Копанки“

Денеска почна скијачката сезона на скијачкиот центар „Копанки“ на Пелистер кој се наоѓа на надморска височина од 1.400 метри.

Од ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје и скијачкиот центар „Копанки“ информираа дека терените за скијање се подготвени, а ски-патеките  исчистени, уредени и обележани.

- Жичарницата „Бегова Чешма“ и ски лифтот се комплетно сервисирани, вклучително корпите и сидрата. Во поглед на безбедноста, извршени се редовните контролни мерења и добиени се сертификати за техничка исправност. Како и  секоја година, така и оваа, извршени се сите  технички подготовки и активности за непречен почеток и тек на престојната скијачка сезона, информираа од скијачкиот центар „Копанки“ на Пелистер.

Новина за скијачите претставува зголемената должина за патеката за скијање бидејќи освен жичарницата од денеска работи и ски-лифтот со што се овозможува вкупната должина на патеката за скијање да изнесува 1.300 метри.

Пристапот до скијачките патеки на Пелистер е сигурен и безбеден, отстранети се инфраструктурните проблеми на патот кој води од Битола до ски-центарот „Копанки“, а сместувачките капацитети се на високо ниво, и се очекува и оваа сезона хотелот „Молика“ да работи со полн капацитет, беше соопштено на денешниот промотивен настан на Пелистер. 

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 10:32
Фото: 
утрински

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега