Поларни минус 20 утрово во Лазарополе

Минимални минус 20 степени утрово се измерени во Лазарополе, следува со минус 17 Крушево, -16 Маврово, -15 Крива Паланка и Тетово, -14 Прилеп и Битола, -12 Дебар, -11 Охрид, -10 Скопје, Виница и Претор, -8 Штип, -7 Струмица, -6 Д.Капија и -3 Гевгелија.

За денеска е најавено студено време, претпладне со сончеви периоди, попладне претежно облачно. Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од снег со слаб, а во западните и јужните делови повремено со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а поради ниските температури ќе има појава на гoломразица.

Дневната температура ќе се движи од -10 до -1 степен.

Во Скопје претпладне со сончеви периоди, попладне претежно облачно со умерен северен ветер и со услови за слаб снег и температура до -5 степени.

Локални врнежи од снег со слаб интензитет се можни и утре претпладне, а преку денот ќе се задржи многу студено и ветровито со засилен северен ветер кој на места ќе достигнува брзина до 80км/ч.

Највисока снежна покривка од 67 сантиметри е измерена во Маврови Анови, 61 во Лазарополе, 47 во Пожаране, 42 во Крушево, 34 во Тетово, 32 во Тополчани, 30 во Охрид, 18 во Ѓуриште, 17 во Прилеп, 16 во  Скопје и Претор, 15 во Битола, 10 во КриваПаланка, Куманово и Дебар и пет во Берово.

Метеоролозите најавуваат многу студено, суво и ветровито време за новогодишната ноќ, со температурата околу минус 10 на повеќето места.

Најстудено утро се очекува во петок кога температурата ќе се спушти од -20 до -11 степени. Дневната температура, пак, од петок ќе биде во постепен благ пораст и за време на викендот ќе достигнува од -5 до 5 степени.

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега