Пукал па возилото завршило во ендек - кривична за полицаец од Прилеп

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Д.Ц.(39) од Прилеп, за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Пред два месеци околу 21 часот, на патот кој води од селото Црнилиште-селото Ропотово, прилепско, полициска патрола во која бил и пријавениот при обид да запрат возило „ТАМ“, управувано М.Е. од Црнилиште, истиот не застанал на дадениот знак и продолжил да се движи со голема брзина. Полициската патрола се упатила по товарното возило, но од страна на патничко возило „голф 3“ управувано од С.Е., брат на М.Е. им било попречено движењето, по што пријавениот од службен пиштол во знак на предупредување најпрвин испукал неколку куршуми во воздух, а потоа и во тркалото на патничкото возило, кое се превртело во ендек покрај патот. На овој начин пријавениот ги довел во опасност животот на возачот на патничкото возило и на полициските службеници кои биле со него. 

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега