Голема полициска акција во тетовско Желино

На 27.12. полициски службеници од регионалниот центар за гранични работи Север постапувајќи по судска наредба од Основен Суд Тетово извршиле претрес во домот и другите помошни простории на лицето Ш.И. од селото Желино, тетовско и угостителскиот објект „ЕrdiBosi“. При претресот биле затекнати  осум лица на возраст од 19 до 38 години кои нелегално работеле во угостителскиот објект. Седум од пронајдените лица се државјани на Македонија, освен 20 годишно лице кое е од Дибар, Албанија.

Во просториите пронајдена и 23-годишната И.К. од Куманово која се барала за издржување затворска казна во времетраење од една година за сторено кривично дело криумчарење на мигранти”.

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега