Командир го оштетил македонското МВР - еве како

49-годишниот И.А. и 45-годишниот Г.А. полициски службеници во Кратово бкои ја злоупотребиле службената положба.

И.А. кој во периодот од 2010 до 2013 година бил командир во Кратово во книгите за заведување на работни часови, прекувремени, ноќни и празнични часови, внесувал невистинити податоци дека бил на работа подолго од работното време при што неосновано му биле исплатени 58.818 денари, а МВР е оштетено за бруто од 89.222 денари.

Исто така, во 2013 година го тужел МВР по основ на неисплатени работни часови и бонус плата при што му биле исплатени 190.374 денари, а го оштетил МВР за 279.596 денари.

Второпријавениот кој бил помошник командир и не вршел надзор во поглед на изготвување на наредби за прекувремена работа и евиденција на работни часови со што му овозможил на командирот да оствари 359 прекувремени работни часови иако законски дозволениот максимум бил 190 часа.

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега