Повеќе села во Маврово - Ростуше 48 часа без струја

По обилните снежни врнежи и ниските температури, повеќето од селата по долината Радика се без снабдување со електрична енергија, информира Мукрем Мехмеди градоначалникот на општина Маврово-Ростуше.

Повеќето патни правци се проодни, но движењето е отежнато.

- Изминативе 48 часа, поголемите населени места во реканскиот крај се без струја. Се уште немаме информација кога состојбата ќе се нормализира. Дополнителен проблем е што за празниците, во родниот крај дојдоа и печалбарите, па во вакви услови е потешко да се фукционира. Затоа апелирам до ЕВН што поскоро го обезбеди редовното снабдување со струја, изјави градоначалникот Мехмеди.

Тој потврди дека селата кои се во регионот на Мала Река, Лазарополе, Тресонче и другите се отсечени, но како што рече, во нив нема жители.

Регионалните правци во овој регион се проодни, но сообраќајот се одвива во зимски услови. Од вчера екипи на „Македонија Пат“ интензивно работат на отстранување на снегот од коловозите и ја обезбедуваат проодноста.

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега