Како ќе изгледа новогoдишната забава во Скопје - детална програма

БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ВОЛШЕБНАТА НОВА 2015 ГОДИНА. Денеска, 30 декември, е последниот ден на програмскиот дел во парк Жена-борец и можете да уживате шетајќи низ Новогодишниот маркет и Волшебното катче каде што може да ја слушате Распеаната елка. Новогодишниот маркет почнува да работи од 11 часот, а забавната програма од 16 часот и 30 минути.  На 31 декември настаните ќе се одвиваат на плоштадот Пела, со Дочек на Дедо Мраз од 12 часот пред Порта Македонија, детска претстава и хорот Златно Славејче. 

Водители на манифестацијата, којашто ќе започне во 21 часот, се Сашко Коцев и Маријана Станојковска. 

Први ќе настапат СОУНД МЕССЕНГЕРС, односно од 21.05 до 21.20 часот ќе се забавувате со Ерик Фокс и Симона Поповска.

Од 21.20 до 21.40 часот - Маја Панчева

Од 21.40 до 21.55 часот - Мустафа Имери

Од 21.55 до 22.15 часот - Даниел Кајмаковски

Од 22.20 до 22.40 часот - КУКУ ЛЕЛЕ

Од 22.40 до 23.00 часот - Есма Реџепова-Теодосиевска

Од 23.00 до 23.25 часот - Сузана Спасовска

Од 23.25 до 23.45 часот - Наум Петрески

Од 23.45 до 00.40 часот – Елена Ристевска

Точно на полноќ ќе почне огнометот, кој ќе трае околу 5 минути, а потоа ќе продолжи 

настапот на Елена Ристевска.

Од 00.40 до 01.00 часот – ДАНИ

Дојдете да ја испратиме старата и дочекаме новата на плоштадот Пела.

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега