Децата од згрижувачки семејства добија новогодишни подароци

 

Стои и едно дете од згрижувачки семејства денеска добија новогодишни подароци, дел од проектот „Волшебна елка на желбите“.

Проектот „Волшебна елка на желбите“ традиционално пред Нова година го спроведуваат Министерството за труд и социјална политика и Црвениот крст. Децата сместени во згрижувачки семејства на 9 декември си ги запишаа своите желби на лампиони, што беа поставени на елката во ТЦ Рамстор, а денеска им беа исполнети. Подароците им ги врачија Дедо Мраз и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

- Децата во згрижувачките семејства имаа можност во изминатиот период да ја кажат својата желба за новогодишен подарок и во соработка со приватните комапнии и Црвениот крст да им се обезбедат подароците, рече Спасов.

Секретарот на Црвен крст на Град Скопје, Сузана Тунева - Пауновска оцени дека и овој пат граѓаните и компаниите се погрижиле детските желби да станат реалност.

- На овој начин покажуваме дека сме една средина која негува хумана димензија и од година во година многу деца ќе добијат се што посакуваат за нова година, а посебно децата сместени во згрижувачки семејста, децата на кои им е потребна вистинска топлина и родителска љубов, истакна Тунева - Пауновска

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 13:54
Фото: 
Денешен

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега