Битолчани слават - Пелистер остана во Првата фудбалска лига

Екипата на Пелистер од Битола го задржа прволигашкиот статус, откако попладнево во Кичево, во баражот за опстанок во лигата го победи Скопје со 1:0.
 
Стрелец на голот за битолчаните беше Драган Димитровски во 68.минута.
 
Втората бараж средба за учество во Првата македонска фудбалска лига во сезоната 2013/14 не го дочека својот крај. Во Штип натпреварот Дрита – Еуромилк беше прекинат во 73.минута при резултат 3:2 за Еуромилк.
 
Причина за прекинот е напуштањето на теренот од страна на фудбалерите на Дрита поради несогласување со одлуката на главниот судија Далибор Ѓорѓески кој досуди пенал за скопјани и му покажа црвен картон на голманот на тимот од Боговиње, Мустафи

најчитано сега