„Удри“ ГРОМ во Куманово

Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) денеска беше промовирана во Куманово.

Претседателот на иницијативниот одбор Стевчо Јакимовски нагласи дека ГРОМ нема да поддржува ниту една од партиите.

- Ние не се формираме за да некого задржиме на власт, ниту се формираме за некого да донесеме на власт. Нашата цел е да бидеме дел од власта, да формираме автохтона политика на граѓанската опција, рече Јакимовски.

Тој нагласи дека ГРОМ е партија која е отворена за сите и оти го избрале, како што рече, најтешкиот пат, патот на центарот.

Виктор Цветковски, поранешен претседател на Советот на општината Куманово, кој беше исклучен од СДСМ,  даде поддршка на ГРОМ и истакна дека тоа е граѓанска опција која нуди нови идеи и нови лица.

И Јакимовски и Цветковски велат дека се разликуваат од доскорешните сопартијци од СДСМ по промоцијата на политичкиот дијалог