ВАЖНА ВЕСТ: Се поремети сообраќајот на скопските улици

 

Дел од центарот на Скопје денеска,  од 11:00 - 13:30 часот и од 20:00 - 01:00, поради повеќето новогодишни манифестации ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки. 

Затворени за сообраќај ќе бидат  улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, од крстосницата со улицата „Филип Втори Македонски“ до крстосницата со улицата „Даме Груев“. Поради тоа ќе се изврши и пренасочување на  автобускиот сообраќај на линиите кои минуваат  на овој потег.

Автобусите 26, 50, 57, 59 кај Градска болница ќе се движат по улицата „11Октомври“ кон Зелено пазарче, потоа десно по „Кирил и Методиј“ (Рамстор) и продолжуваат по својата траса. Во обратна насока ќе ја користат улицата „Даме Груев“, зад Собрание.

Автобусите 3, 3А, 3Б, 4, 4А, 5, 7, 7Б, 15, 15А, 21, 21А, 22, 23, 24, 25, ќе се движат по булеварот „Кочо Рацин“, улицата „Кирил и Методиј“ (Рамстор) и продолжуваат по своите траси. Во обратна насока ќе се движат по „Даме Груев“ зад Собрание и продолжуваат по своите траси. Притоа ќе ги користат постојните автобуски стојалишта.

Град Скопје апелира сите учесници во сообраќајот да го почитуваат времено поставениот режим.

 

 

Оцени ја веста

31.12.2014 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега