Делчево во мрак - вандали направиле хаос

Непознати сторители утринава ги искршиле скоро сите светилки покрај пешачката патека на потегот од зградата на „Далија табак„ во Делчево па се до влезот во селото Свегор.

- Овој невиден бандитизам е пријавен до сите надлежни институции и до органите на прогонот, се вели во соопштението до јавноста упатено од Општината Делчево.

Преку социјалната мрежа Фејсбук Локалната самоуправа упати апел до граѓаните на секој можен начин да помогнат во расветлувањето на овој вандалски чин и сите информации за евентуалните сторители да го пријават во полициската станица.

Граѓаните на Делчево и Свегор се згрозени од вандализмот, што по втор или трет пат се прави на електичните светилки покрај пешачката патека по која секојдневно рекреираат стотици граѓани, а ја користат и учениците од селото што посетуваат настава во основните и средните училишта во Делчево.

 

 

Оцени ја веста

31.12.2014 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега