Монс и Плзен европски престолнини на културата во 2015

елгискиот град Монс и чешкиот Плзен ќе ја делат титулата „Европска престолнина на културата“ во 2015 година. Ја преземаат од летонскиот главен град Рига и шведскиот Умео кои годинава го славеа европското културно наследство.

Монс и Плзен на Европа ќе и понудат богата културна програма со многу концерти, изложби и урбани уметнички инсталации. 

Монс има околу 100.000 жители. Бил сообраќаен јазол уште од средниот век, а бил и важен рударски и индустриски центар. Во рударските заедници во околината на Монс пред повеќе од еден век сликарот Винсент ван Гог бил помошник кај евангелистички свештеник. Токму негови дела ќе бидат изложени на централната изложба  во БАМ галеријата на модерната уметност во Монс. Вистинска атракција во ова белгиско гратче е и патеката  на Ван Гог со две мали куќи во кои живеел младиот сликар, а и двата објекта се реновираат. Атрактивен е и големиот плоштад со мал месинган мајмун, кој посетителите го допираат за среќа. Главно случување во градот е поворката - специфична верзија на карневалот „Ѓукас“ во кој Свети Ѓорѓи го убива земјот. 

Чешки  Плзен е град со 173.000 жители, во светот познат по производство на пиво, а се развил во 19 век благодарение на автомобилската индустрија. Впечатлива е катедралата „Св.Вартоломеј“ со највиската кула во Чешка со 102,6 метри, изградена во готски стил. Под градот има затрупани тунели од 14 век отворени за туристи. Симбол на Плзен е и ренесансната градска куќа стара повеќе од 500 години. Во градот има и голем број музеи коишто ја откриваат неговата долга историја.

Европската комисија секоја година одредува почесен домаќин на овој проект. Традицијата почна во 1985 година, кога Атина беше културна престолнина на стариот континент. Целта е да се промовира чувството на заедништво во ЕУ, но на лауератот тоа му носи и пари од европските фондови, со што земјиште можат да финансираат големи проекти и програми од областа  на културата. Критериум за избор е подготвеноста на градот да ги организира случувањата кои траат цела календарска година. 

За изборот решева независна меѓународна комисија во Брисел, а одлуката ја носи четири години однапред. Неа ја разгледува и Европскиот парламент, а ја изгласува Советот на ЕУ. Во 2016 година престолнини на културата во Европа ќе бидат Сан Себастијан (Шпанија) и Вроцлав (Полска), во 2017 Орхус (Данска) и Пафос (Кипар).

 

 

Оцени ја веста

31.12.2014 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега